Loading Video...
Фудбал
1. јуни 2020 - 16:51

Фудбалерите на Шкупи и Струга ТЛ ќе се тестирале во државните болници

Како што информираа од Синдикатот на фудбалери на Македонија, со чија помош се спроведува првиот скрининг во мак-фудбалот на Ковид-19, екипите на 
Шкупи и Струга одбиле да бидат тестираа, а дополнително тоа ќе го направеле во државните институции. 
 
„Денес во тренинг кампот на ФК Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи, стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19. За утре имавме закажано тестирање во ФК Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека тие не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која они веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите. ФК Струга Трим Лум исто одби да се тестира со нас меѓутоа коректно најавија дека тестови ќе направат некаде во државните болници. Исто така ни најавија дека резултатите ќе ни ги презентираат и тоа е за почитување,се гледа дека како клуб ги интересира здравјето на фудбалерите“, се вели меѓу другото во соопштението кое го објавија од Синдикатот на македонските фудбалери. 
 
Воедно од таму демантираат било каква поврзаност со болницата во како што велат „синдикалците“ или нечесни игри. 
 
„ Во име на СФМ ве замолуваме да не нé ставате во никакви комбинации и нечесни игри. До нас допре глас дека сме била во некаква "игра" со Систина за некакви нечесни игри. Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите,здравјето нивно за нас е најважно. Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во Европа а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот. Спортски поздрав“, стои во соопштението на Синдикатот.
 
А, по стружани кои веќе најавиле дека ќе се тестираат во некои од државните болници, тоа попладнево преку соопштение го најавија и „чаирчани“ односно од редовите на Шкупи, од каде потенцираат дека не одбиле да бидат тестирани туку дека тестовите ќе направеле во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.