Loading Video...
Фудбал
26. March 2018 - 17:43

Фудбалери во вредност од 9 милијарди ќе играат на СП во Русија

На СП во фудал во Русија ќе настапат 736 фудбалери во 32 селекции кои ќе се борат со многу амбиции за еден трофеј.  За некооја репрезентација секоја победа ќе биде подвиг за некоја секој пораз разочарување.  Јасно е дека тоа ќе биде саем на голем број фудбалски ѕвезди. Статистичарите пресметале дека вредноста на играчите кои ќе продефилираат на стадионите во Русија ќе биде повеќе од 9 милијарди евра. Најскапи се Французите со вредност од 1.05 милијарди. Потоа се Шпанците со 982 милиони евра , па Бразилците со 745, Германците со 743 итн. 

Но парите се едно прогнозите друго. Прв фаворит споре букмејкерите сепак е Германија пред Бразил, Франција, Шпанија и Аргентина.  Германците се и актуелни светски прваци додека фаворити од сенка се Белгија, Португалија, Англија, Уругвај...32 репрезентации ќе се натпреваруваат на 12 стадиони во 11 градови. Ќе се одиграат вкупно 64 натпревари.