Фудбал
8. July 2020 - 20:53

Фудбалер на Лацио суспендиран за гризење на противнички играч

Фудбалерот на Лацио, Патрик беше суспендиран за четири натпревари и казнет со 10.000 евра.

Тој беше осуден за гризење на противнички играч.

Лацио загуби од Лече и со тоа се одалечи уште повеќе од титулата.

На крајот на тој натпревар, во продолжението, Патрик го гризна противничкиот фудбалер Џулио Донати.

Поради тој инцидент, Партик заработи црвен картон, а потоа и суспензија.

Своевремено, Луис Суарез беше казнет со десет натпревари за гризење на Џорџо Киелини.