Loading Video...
Фудбал
7. March 2018 - 14:03

Фудбал во училиштата, нов проект на ФФМ и Федерацијата за училишен спорт

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претседателот на Федерацијата на Училишен Спорт на Македонија, Александар Туфекчиевски на прес конференција го најавија новиот заеднички грасрут проект - Фудбал во Училишта.
Со цел да ја подигнеме свеста за фудбалот и спортот воопшто меѓу најмладите, Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на Училишен спорт на Македонија започнуваат со реализација на заеднички проект – Фудбал во училишта. 
 
Новиот проект за училишен фудбал им овозможува на децата од основните училишта да бидат дел од спортски настани и проекти наменети само за нивната возрасна категорија. Проектот на ФФМ и Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и целите предвидени во него се направени по низа анализи, дискусии, состаноци и консултации со стручни лица кои се предвидени да бидат дел од овој значаен проект.
Ќе бидат вклучени 40 училишта од 10 општина со преку 6000 деца што ќе биде нов бенефит за фудбалот изјави претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.