Фудбал
31. October 2016 - 20:46

Фудбал У-17: Македонија ја победи Албанија

 Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години славеше победа против врсниците од Албанија. 
 
На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, а во рамките  последното 3.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија ја победи Албанија со 2:1.
 
Иако губеа со 0:1, по голот на Емилијано Булари во 52.минута, сепак избраниците на селекторот Добринко Илиевски успеаја да направат пресврт. По замо две минути Бојан Колевски израмни на 1:1, а Бесник Ферати во 64.минута и донесе победа на Македонија од 2:1, прва на квалификацискиот турнир во Италија.
 
Со тоа, македонските надежи го освоија 3.место со 3 бодови во групата во која првопласираната Италија собра  7,  а Србија 6 бода, додека Албанија не освои ниту еден бод. 
 
Сега на црвено-жолтите им останува да ги сочекаат натпреварите од 12-тата група, за да знаат дали ќе ги продолжат квалификациите понатаму. 
 
Имено наглавниот квалификациски турнир во Хрватска ќе патуваат двете првопласирани селекции од сите групи и дополнително уште четири најдобри третопласирани репрезентатции. Македонија во моментно е петта, а може да биде и шестопласирана и да испадне во конкуреција на третопласираните доколку некоја ос репрезентациуте во 12-тата група има подобар учинок од нашата.