Фудбал
20. September 2016 - 18:30

Фудбал У-17: Македонија и Словенија одиграа без победник

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра нерешено против Словенија на првиот контролен натпревар. 
 
На средбата одигран попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски" во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот", Македонија и Словенија одигра 2:2
 
Иако во првиот дел немаше голови, сепак, натпревар во целиот тек изобилуваше со многу борба, трчање и цврста игра во средината на теренот. Двете репрезентации пропуштија по неколку солидни можности за постигнување гол, но реализацијата изостана во првото полувреме. Во продолжението играта се отвори, и двете селекции постигна по два гола во мрежата на противникот. 
 
Гостите од Словенија први го отворија резултатот, во 53.минута Мај Рориќ , а само четири минути подоцна  Душан Стојиновиќ зголеми на 2:0. Но нашата селекција не се предаде и покрај убедливото водство на противникот, напротив црвено-жолтите успеаја до крајот на средбата да постигнат два гола и да го израмнат резултатот на 2:2. 
 
Головите за Македонија ги постигнаа Дарко Чурлинов во 65.минута и Енис Фазлагиќ две минути подоцна.
 
Во четврток овие две млади селекции на истиот терен ќе одиграат уште еден контролен меч, и тоа во терминот од 15 часот.