Фудбал
4. November 2016 - 17:56

Фудбал У-16: Македонските надежи повторно поразени од Бугарија

 
 
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години и по втор пат е поразена од соодветната селекција на Бугарија во контролен, пријателски натпревар. 
 
На средбата која се одигра попладнево на стадионот "Септември" во Симитли, бугарската репрезентација славеше победа над македонската со 3:0. 
 
Филип Крстев го отвори резултатот во 7.минута, а по дваесет минути игра (27_ Лачезар Георгиев го постигна вториот гол за домашната селекција. Конечниот резултат беше поставен во 72.минута, а стрелец на третиот гол за Бугарија беше Мартин. 
 
Инаку ова беше втор дуел меѓу овие две млади селекции, а во првиот одигран пред два дена избраниците селекторот Горан Станиќ загубија со 2:0.