Балкан
2. December 2015 - 8:52

ФТ: Закана до Атина за нејзино исклучување од Шенген поради немоќ да ги контролира границите

Европејците на маса поставиле закана за исклучување на Грција од Шенгенската зона заради се поголемата немоќ на државата да ги контролира границите, објави Фајненшал тајмс.

Британскиот весник цитира европски дипломати кои велат дека министрите за надворешни работи на ЕУ кои в петок ќе имаат средба, јасно ќе и стават до знаење на Грција дека ќе има „драстични мерки“ ако Атина не дејствува пред средбата на врвот закажана за средината на декември. Се наведува дека неколкупати бил посочуван тој проблем пред властите во Атина и заканата за прекин на учеството на државата во Шенгенскиот договор.