Свет
9. November 2016 - 12:43

ФТ: Победата на Трамп е симптом на кризата во западната демократија

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД е „симптом на кризата на западната демократија“, објави денеска Фајненшал тајмс во редакциски коментар.

– Има малку основи да се очекува дека претседателот (Трамп) ќе биде различен од кандидатот, наведува весникот.

Новиот претседател на САД е опишан како „претприемач со големо богатство, но без искуство во државничко управување“ и „самонаречен мачо кој се однесува со презир кон сојузници“.

– Оптимистичкиот агол е дека злопамтилото и кандидатот кој не ги сака нешто многу муслиманите, ќе се преобрази штом ќе влезе во Белата куќа. Сепак, таква трансформација изгледа малку веројатна во оваа етапа, нагласува весникот. Според нив, победата на Трап, по Брегзит, е нов удар за либералниот меѓународен поредок.