Македонија
13. December 2019 - 17:03

Фросина Ременски во обвинителство на увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Повеќе од 6 часа пратеничката Фросина Ременски вршеше увид во доказите во Обвинителството за организиран криминал, за наводната вмешаност во  случајот со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде таа е почесен претседател. Дојде без адвокат, но за разлика од минатиот пат, се сокри од медиумите и во Обвинителството влезе од задниот влез.

Според обвинителството, Ременски присуствувала на средбите кои ги организирал Боки 13, каде изнудувал пари од фирми, за тие да стекнат впечаток дека зад понудените проекти за наводна изградба на Центар за стари лица стои владејачка партија.

Вчера увид во доказите направија асистентката на Боки 13 и заменичката-претседателка на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ. Во име на Боки 13 и неговиот татко, увид извршил нивниот адвокат.

Следната недела петмината осомничени треба да се појават на распит кај Рускоска. Истрагата беше отворена пред 2 и пол месеци.