Фронтекс: Намален приливот на сириски бегалци во Грција
Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) соопшти денеска дека бројот на сириски бегалци во Грција во изминатите месеци значително опаднал по намалувањето на бројот на луѓето кои лажно се претставуваат, јави Танјуг.
Сиријците сочинуваат 56 отсто од сите мигранти регистрирани во Грција во 2015 година, но тој број опаднал на 51 отсто во октомври, 43 во ноември и 39 во декември минатата година, се наведува во соопштението на агенцијата, чие седиште е во Варшава.
- Со зголемувањето на присуството на Фронтекс и дополнителниот број грчки полицајци, воочуваме дека дошло до напредок при прегледот на мигрантите, што значи дека се намалил бројот на луѓето кои можеле лажно да се претстават, рече директорот на Фронтекс Фабрис Легери.
Тој истакна дека агенцијата може само да помогне во проценката на националноста на имигрантите кои доаѓаат, а оти нејзините податоци не покажуваат кој ќе бара азил.
Од друга страна, бројот на мигранти од Ирак се зголемил од 11 отсто во октомври и 12 отсто во ноември, на 25 отсто во декември 2015 година, додава Фронтекс.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс