Балкан
17. August 2016 - 18:16

Фронтекс ја засилува контролата на бугарската граница кон Србија и Турција

Европската служба за контрола на надворешните граници на Унијата - Фронтекс најави распоредување на допонителен број свои припадници на границата на Бугарија кон Турција и Србија.

Како што јави БТА, на бугарската граница кон Турција ќе бидат распоредени уште дополнителни 77 припадници на Фронтекс, а кон Србија уште 35.  

Според Претставниптвото на Европската комисија во Бугарија, одлуката за распоредување на дополнителни сили на Фронтекс е донесена на барање на  Софија.

- Фронтекс брзо реагираше на барањето и реши да ја прошири својата мисија во Бугарија долж нејзината копнена граница со Турција и Србија. Дополнителните сили ќе бидат распоредни во следните недели и тие покрај зголем број припадници ќе опфатат и нова техничка опрема за воздушно и ноќно набљудување, изјави еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Според Аврамопулос, задача на припадниците на Фронтекс ќе биде да им помогнат на бугарските власти во засилување на контролата на својата граница.