Македонија
4. January 2016 - 15:07

Фрлени 7,5 тони сол на улиците во Струмица

Изминатите 24 часа во Струмица наврна скоро еден сантиметар снег. Од Центарот за управување со кризи велат дека последните 12 часа наврнале 0,4 сантиметри, а претходните 12 часа 0,5 сантиметри снег. Во Центарот нема пријавено никакви проблеми, а сообраќајот на патиштата се одвива без застој.

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ фрлило 7,5 тони сол на улиците.

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности од вчера се на терен и интервенираат таму каде што има потреба за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот по улиците во градот. Во текот на вчерашниот ден и денеска фрлени се вкупно 7,5 тони индустриска сол и четири тони ризла на улиците „Никола Тесла“, „Стив Наумов“, „Вера Циривири“, „Герас Цунев“, „Кирил и Методиј“, „5-ти ноември“, „Ванчо Прке“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, од двете страни на улицата „Крушевска Република“, „Пиринска“, „Димитар Цветинов“, „Елка Јанкова“, „Спиро Захов“, „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Василев“, „Широк дол“, „Тошо Арсов“ и „Неретва“, се вели во писмената информација од Општина Струмица.

Јавното претпријатие информира дека располага со доволно количини сол и ризла, како и дека возилата се подготвени за одржување на улиците во зимски услови.