Свет
28. November 2017 - 8:28

Фрлена граната врз француски воен автомобил во Уагадугу пред пристигнувањето на Макрон, тројца повредени

Две маскирани лица фрлија граната врз автомобил на француската армија во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, непосредно пред пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон.

- Две лица со качулка, движејќи се на мотор, околу 20 часот по локално време, фрлија граната врз автомобил на француската армија, што се движеше кон касарната на француските специјални сили во Буркина Фасо.

Притоа, повредени се тројца локални жители, од кои еден потешко, соопштија воени извори.