Македонија
23. April 2019 - 16:40

Фрлена експлозивна направа во двор од куќа во Драчево

Во СВР Скопје утрово околу 04.13 часот било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.

Како што соопшти денеска МВР во експлозијата биле оштетени патнички возила „ауди“,„рено клио“ и „голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.