Балкан
30. October 2017 - 12:36

Фрлена бомба врз објект во изградба во центарот на Подгорица

Во центарот на Подгорица утринава е фрлена бомба врз објект во изградба, а од јачината на детонацијата  испукале стаклата во приземјето на зградата.

Експлозијата предизвикала вознемиреност кај станарите од околните згради.

Објектот врз кој е фрлена бомбата е сопственост на Алмир Мандиќ, брат на Дамир Мандиќ, кој во 2015 година беше осуден на 19 години затвор, поради соучество во убиството на главниот и одговорен уредник на весникот „Дан“, Душко Јовановиќ.

Истрагата е во тек и се очекува соопштение од црногорската полиција.