Македонија
22. December 2015 - 13:42

Фрлен молотов коктел во угостителски објект во Тетово

Во угостителскиот објект „Бар Код“ во Тетово ноќеска е фрлен молотов коктел при што нема повредени лица, но е причинета материјална штета.

Настанот, како што информира полицијата, се случил околу 4 часот по полноќ. 

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.