Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија
Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.
Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронавирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.
Напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не бил повреден.
Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.
Медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт, Роберт Кох, Лотар Вилер, кој рече дека постојат два клучни фактори што го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеата и разговорите.
„Онаму каде што луѓето разговараат и се смеат во мал простор, постои голема опасност од пренесување на заразата“, рече вчера Вилер.
Ново на Сител
-
Зошто договорот не му е продолжен само на еден македонски историчар од мешовитата комисија со Бугарија?
-
Вакцините од Србија од камион директно во ладилниците во поликлиниката Битпазар - Датумот на испорака се уште непознат
-
Поради рестриктивните мерки, Богојавление Водици годинава без положување на крстот во светите води
-
Тема на денот со Хасановиќ: Што може да очекува Македонија од новата американска администрација?
-
Новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе положи заклетва на функцијата утре на пладне на церемонијата во американскиот главен град Вашингтон
-
Трогателно сведоштво: Поради грешка на доктор Асани ќерка ми има церебрална парализа
-
Кога се очекува да пристигнат вакцините од Србија?
-
Богојавление Водици - Како се чествуваше во Скопје?