Македонија
10. October 2020 - 16:38

Фризерница од Скопје добила грант од 270.000 евра, од агенцијата тврдат дека се почитувани прописите

Фризерница од Скопје добила грантови од над  270 000 евра од програмата „Еразмус +“. Во неколку наврати изминатите три години фирмата била регистрирана со општа клаузула за бизнис а аплицирала за едукација. Фризерницата според истражувањето на порталот А1он добила пари за едукација на медиумската писменост во дигиталното опкружување , флексибилна платформа за барање работа, бура од иновации- претприемачки предизвици  и неколку други. Според истражувањето сомнително е и тоа што сопственикот бил обучувач во Националната агенција која ги доделува средствата. Директорката Лидија Димова тврди дека грантовите се доделуваат по неколку фази на евалуација од експерти.

Димова ги демантира наводите дека ненаменски трошела и други пари на агенцијата како и дека вршела мобинг на вработени. Најави тужби за клевета.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за класична злоупотреба на средства во агенцијата. Иако  условот за добивање вакви грантови е правниот субјект да дејствува во областа на проектот сепак директорката од СДСМ  ги доделила парите на фризерница.

Според истражувањето фризерницата е само една од спорните кои добиле грантови со неповратни средства од агенцијата.