Македонија
14. November 2017 - 16:33

Фридом хаос: Владите манипулираат со информациите на интернет

Во извештајот на Фридом Хаус за слободата на интернет просторот, посебен дел е посветен на феноменот фејк њуз , односно лажни вести. Тука како најпознат пример се наведени тинејџерите од Велес.

  Овие бизнис ориентирани момчиња  од Македонија, се вели во извештајот на Фридом Хаус го искористија моментот на  американската престедателска кампања во 2016 година за да пласираат провокативни наслови со лажни информации и така собраа милиони кликови и пари од Гугл кој постирираше реклами на нивните сајтови.

Случајот со Велешаните има и фитбек, се вели во извештајот. Овој преседан доведе до намалување на интернет слободата  во САД , посочува Фридом Хаус. Американските служби, по стапувањето на Доналд Трамп на должност, во неколку наврати побарале од Твитер и Дримхост да ги откријат сопствениците на профилите кои се спротивставиле на имиграционите политики на новиот престедател. На суд ваквите барања биле одбиени.

Сепак Велешаните не измислиле ништо ново, се вели во извештајот. Манипулација преку медиумите отсекогаш постоела, а сега преку социјалните мрежи се случува вистинска експлозија на фабрикувани вести, особено во периоди на избори и референдуми. Такви се примерите со  Венецуела и Кенија каде лажните вести се користат  за  изборни манипулаци, а се оди дпотаму лажните ингформации да се лиферуват под логото на етаблирани телевизиски куки како ББЦ и ЦНН.