Македонија
13. September 2017 - 9:55

Фрескописна, иконописна и резбарска колонија во Марков манастир


Во Марковиот манастир „Свети Димитриј Солунски“ од 14 до 21 септември ќе биде одржана интернационална фрескописна, иконографска и иконорезбарска колонија.

На колонијата што се одржува со благослов на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе учествуваат еминентни балкански иконописци и резбари, чии дела ги красат црквите ширум Балканот, вклучително и Света Гора.

Марков манастир

Меѓу учесниците ќе бидат фрескописците Кирил Томанов (член на Кралското здружение на минијатурсти), Јордан Иванов, кој изработувал фрескопис на Света Гора,  Галин Ганчев и проф. Венко Цветков, резбарите Васил Иванов и Тихомир Георгиев, иконописците Димчо Димчовски, Тереза Илкова, Гергана Симеонова, Димитринка Стојанова, и Надја и Румен Петкови.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на богословието и красотата на православната иконографија да ја посетат колонијата во деновите од 14 до 21 септември, во периодот меѓу 09:00 до 15:00 часот.