Фред Фрит ќе настапи во Скопје
- Англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит вечер ќе одржи концерт во Македонска филхармонија.
Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал. Никогаш досега не бил дел од Скопскиот џез фестивал поради обврските што ги има како професор на Милс колеџот во Оукленд, Калифорнија. Тој е култен иноватор, гитарист, композитор и импровизатор.
Англичанецот, кој три децении ја водеше групата „Henry Cow“, во доцните седумдесетти години на минатиот век се пресели во САД и почна да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на албумот „Guitar Solos“ во 1974 година, Фрит обезбеди многу влијателно место на имровизаторската сцена во светот, не само како признат соло изведувач туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, Резидентс... Работел со поголем број состави, а неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија.
- Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп дома-направени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација, вели за себе Фрит.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица