-->
-->
Фрчкоски: Двајца мои студенти од Велес станаа милионери со ширење лажни вести за Трамп
-->
Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека велешаните кои се стекнаа со „светска слава“ по објавување лажни вести во кампањата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп биле негови студенти.
– За групата што шири лажни вести од Велес, тоа се двајца мои студенти. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на конзервативците, и тоа со две вести. Сакам да кажам колку има отсуство на самосвест за тоа што е важно во државава, на крајот што е интересно – рече Фрчкоски.
Велешаните беа топ тема во светот за време на кампањата во Америка, бидејќи поседуваа интернет портали на кои пласираа лажни вести во корист на Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море