Фрчкоска: Изјавата на Русковска е притисок врз судството
Адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, ја осуди изјавата на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која се закани дека ќе ги гони Апелациониот судии кои на Јанева и одредија домашен притвор.
-Изјавата е апсолутно недозволена и се смета за притисок врз судтсвото и нивните одлукии и е преседан од ваков тип, вели за Сител адвокатот Ирена Фрчкоска.
Според одбраната, одлука за укинување на мерката притвор и замена со поблага мерка имаше законски услови да се донесе многу порано уште кога заврши истрагата и обвинителството ги прибра сите докази, објаснува Фрчкоска. Вели дека До вчера Јанева беше во притвор цели 92 дена. Ова дотолку повеке што тоа исто обвинителство даде позитивно мислење Зоран Милевски да биде пуштен во куќен притвор , од за нас до денеска непознати причини.
Во оваа смисла, сметаме дела одлуката на Апелационен суд е целосно законска и оправдана, додава адвокатот Фрчкоска.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО