Македонија
13. December 2018 - 10:31

Фрчат казни: За 24 часа 92 казни за непрописно паркирање, „пајакот“ подигна 66 возила…

Еден возач на патничко возило се здобил со тешки повреди, а едно лице со лесни телесни повреди во вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 43 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца под дејство на алкохол, 11 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден почетник. Исклучени од сообраќај биле и девет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се и 24 возачи за непрописно паркирање, осум кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за не поседување зимска опрема во возилата, 12 за некористење сигурносен појас и 23 за користење мобилен телефон додека возеле.

Издадени се 92 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.