Тенис
14. March 2016 - 10:30

Фратанџело освои сет против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ славеше во три сета со 2:6, 6:1, 6:2 против 149. тенисер на планетата Бјорн Фратанџело и се пласира во третото коло на турнирот во Индијан Велс. 

Американецот кој никогаш не бил меѓу 100-те најдобри тенисери во светот го одигра сигурно најдобриот тенисер во кариерата и најави сензација откако лесно и убедливо го доби првиот сет со 6-2.
Најдобриот светски тенисер мораше добро да се организира за да направи пресврт и да дојде до триумф.
Во следната рунда Ѓоковиќ ќе игра против Филип Колшрајбер кој лесно и убедливо со 6-0 и 6-1 го декласира Денис Кудла. 
Интересно е што Србинот има еден пораз во меѓусебните дуели со Колшрајбер.