Балкан
8. July 2018 - 10:07

Фрапантно видео од потпот во регионот: Невремето носи се пред себе, автомобилите пловат низ улиците

Поројниот дожд во Младеновац, Љиг и Аранџеловац ги поплави улиците и неколку објекти. РТС јави дека во Љиг и Аранџеловац е прогласена вонредна состојба.

Во невремето најмногу е погоден центарот на Аранџеловац каде што се излеала реката Кубршница од што се поплавиле станбени и деловни објекти.

И во Чачак се поплавени десетина куќи во четири населби. Во населбата Лозница се излеала Лозничка река и го поплавила локалниот пат.