Франсоа Оланд во посета на Грција
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе допатува во дводневна посета на Грција во придружба на најмалку четворица министри, вклучитечно и првиот човек на Министерството за финансии, Мишел Сапен.
Како што наведува атинскиот весник „Вима“, властите во Атина на посетата на Оланд гледаат како на можност за заживување на грчко-француската алијанса, од причина што грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува поддршка од францускиот претседател во решавањето на голем број отворени прашања поврзани со економската и бегалската криза.
Засега не е познато дали за време на престојот на Оланд во Грција ќе бидат поптишан билатерален меморандум за соработка, но се очекува во неговите разговори со грчките домаќини да стане збор за француска експертска помош при реформите на државната администрација и даночниот систем во Грција.
По денешните средби со највисоките претставници на власта во Грција, Оланд утре ќе има обраќање пред членовите на грчкиот Парламнет, при што се очекува да ја повтори поддршката на Париз за преструктуирање на грчкиот долг и за помош на Атина во справувањето со бегалската криза.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата