Франсоа Оланд: Неоспорно станува збор за терористички акт
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека нападот во кој маж во име на Исламска држава уби француски полицаец и негова сопруга, е „неоспорно терористички акт“.
- Оваа двојка е кукавички убиена од страна на терорист, рече Оланд.
- Франција се соочува со голема терористичката закана против која ние имаме мобилизирано значајнии ресурси, додаде претседателот.
Претходно во Елисејската палата се одржа итен состанок, по кој министерот за внатрешни работи Бернар Казенев исто така изјави дека станува збор "терористички чин".
На состанокот со претседателот покрај министерот за внатрешни работи беа и премиерот Мануел Валс и министерот за правда Жан-Жак Урвоа.
Покрај осудата на терористичкиот акт за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, Казенев нагласи дека "повеќе од сто луѓе кои претставуваат закана за безбедноста на Французите се уапсени од почетокот на годинава".
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та