Свет
20. July 2018 - 10:43

Французите огорчени: Помошникот на Макрон брутално тепаше демонстрант, а доби само 2 недели суспензија

Помошникот на францускиот претседател Емануел Макрон, задолжен за безбедност, Александар Беналa, тепал момче - учесник во првомајските протести, што се гледа на неодамна објавената видео-снимка, а поради овој инцидент е суспендиран на две недели, соопшти портпаролот на Макрон.

На снимката се гледа како Бенала влече една жена, а потоа го тепа момчето на земја.

Опозициските лидери и дел од јавноста, го критикуваат Макрон зошто сметаат дека казната за вакво однесување на неговиот помошник Александар Бенала е преблада.

„Помошникот Александар Бенала доби дозвола на протестите да присуствува како набљудувач. Тој, очигледно делувал надвор од рамките на своите овластувања“, соопшти портпаролот Бруни Роже - Пети и додаде дека суспензијата без плата и промена на надлежноста на Александар Бенала, е „најтешка’ било кога наложена во претседателската палата.

Покрај тоа, неименувано лице од правосудната фела изјави дека е покрената прелиминарна истрага поради „насилството кое го спровел некој кој е задолжен за мисија во јавна служба“,