Спорт плус
29. December 2017 - 19:13

Французинот Пинторо најдобар во алпска комбинација

Францускиот скијач Алекси Пинторо е победник на трката во Алпска комбинација што се возеше во италијанскито скијачки центар Бормио.
Пинторо по трката во спуст беше 19-ти но успеа сето тоа да го надополни во слаломот и да победи по 21. пат во кариерата.
Второто место му припадна на Петер Фил од Италија додека трет беше норвежанецот Јансруд.