Loading Video...
Спорт плус
5. January 2020 - 19:01

Французинот, Ноел победник на слаломот на „Сјеме“ крај Загреб

Французинот, Клемен Ноел е победник на денешната слаломска трка од Светскиот куп во Алпско скијање што се одржа на патеката „Сјеме“ крај Загреб,
 
До својата втора победа сезонава во слалом, а вкупно четврта во кариерата Ноел стигна за само 7 стотинки побрзо од Швајцарецот, Рамон Зенхаузерн кој имаше најдобро време по првата трка. 
 
Место на пиедесталот избори и Алекс Винацер од Италија. 
 
Разочарувачки настап имаа фаворитите Алекс Пинторо од Франција кој заврши како деветти, односно Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој го освои дури 19-тото место, па сега  го загуби водечкото место во поредокот во слалом од победникот Ноел. 
 
 
Во трката за големиот кристален глобус, односно севкупниот генерален пласман лидер е Норвежанецот, Александер Амод Килде со 20 бодови повеќе од Италијанецот, Доминик Парис, односно 44 од трето рангираниот Пинторо од Франција