Француз почина откако се препил вода
Еден човек во Франција почина од пиење премногу вода, јави „Фигаро“.
Покрената е истрага за болницата во провинцијата Жиронд, каде почина мажот.
„Невообичаен случај на 22 февруари во болница во градот Кадиак“, соопшти Републичкиот суд во Жиронд.
Се сомнева дека станува збор за потоманија, состојба при која која некое лице има нездрава и прекумерна потреба од пиење вода. Потоманија е патолошко невролошко заболување при кое е оштетен мозочниот центар кој ја регулира жедта. Како резултат, може да се појави труење кај луѓе кои пијат повеќе од 10 литри вода на ден. Бидејќи нивото на урина во телото се зголемува како резултат на прекумерно внесување на вода, бубрезите откажуваат, а прекумерната хидратација на клетките и намалувањето на нивото на натриум во крвта може да доведе до оток на мозокот.
Полицијата започна истрага за случајот и е наредена обдукција.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска