Фудбал
22. January 2018 - 9:46

Француското дерби за Лион

Фудбалерите на Лион го совладаа ПСЖ во француското дерби кое се одигра во 22. коло од шампионатот  и ја намалија предноста на шампионот на 8 бода. 

Победата од 2-1 домашните ја најавија уште на стартот кога Набил Фекир постигна гол од огромна далечина. 
„Светците“ сепак успеаваат да се соземат и Лајвин Курзава со волеј удар до крајот на првиот дел израмнува на 1-1. 
Гостинот од Париз останува и со играч помалку по исклучувањето на Дани Алвез а тоа го користи Лион и Депај во 94м носи победа од 2-1.
https://