Свет
19. November 2015 - 11:48

Француските полицајци со оружје и кога нема да бидат на должност

На француските полицајци ќе им биде дозволено да носат оружје и кога нема да бидат на должност за да заштитат евентуални жртви, а таа мерка ќе важи се додека трае вонредната состојба.

Портпарол на француската полиција изјави дека полицајците кои волонтираат ќе може да носат оружје за да „се заштитат себеси и луѓе на јавни места“.

Францускиот премиер Мануел Влас изјави за време на дебата во парламентот дека постои опасност од напади во франција со хемиско и биолошко оружје.