Францускиот суперкуп за шампионот
Фудбалерите на Пари Сен Жермен најавуваат доминација и во следната сезона во францускиот фудбал откако убедливо славеа во националниот Суперкуп против големиот ривал Монако.
Светците одиграа добар натпревар во кинескиот град Шенжен и предводени од извонредниот Ди Марија забележаа убедлива победа од 4-0.
По неколкуте шанси на обете страни блесна токму Аргентинецот и од слободен удар во 33м донесе водство за актуелниот шампион.
На спротивната страна победникот на купот имаше неколку изгледни прилик и кога не ги искористи Нкунку зголемува на 2-0.
Синот на славниот Жорж Веа , Тимоти во 67м носи уште поубедливо водство за Пари Сен Жермен од 3-0 а конечните 4-0 по еден брз противнапад ги заокружи Ди Марија.
Победникот на оваа средба настапи без Мбапе додека на задоволство на публиката Бразилецот Нејмар ги одигра последните 15 минути од средбата.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар