Францускиот синдикат на новинари го осуди нападот врз слободата на медиуми за време на демонстрациите против рестриктивните мерки
Францускиот синдикат на новинари ги осуди нападите врз слободата на медиумите во земјата за време на демонстрациите против воведувањето на здравствените пропусници.
– Новинарите ја извршуваа својата работа, медиумите беа цел, слободата на медиумите повторно е загрозена на 31 јули за време на демонстрациите против здравствените пропусници во Франција, се наведува во соопштението на Францускиот синдикат на новинари.
За време на протестите на канцелариите на неколку медиуми се напишани навредливи пораки, а двајца новинари на агенцијата Франс прес (АФП) беа навредувани, плукани и им се вршеше притисок да прекинат да известуваат од собирот.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на третите по ред демонстрации против воведувањето на специјални пропусници за коронавирус, повеќе од 200.000 луѓе протестираа низ Франција, а приведени беа 72 лица.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња