Свет
23. May 2016 - 14:32

Францускиот премиер бара од свoите министри да заштедат речиси четири милијарди евра за две години

Францускиот премиер Мануел Валс во рамковното писмо упатено до своите министри, предвидува да бидат заштедени дополнителни 1,9 милијарди евра во 2016 и две милијарди во 2017, додека безбедноста и образованието се поштедени од штедењето, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Француската држава со оваа одлука за штедење, очигледно ќе го стегне ременот, ако сака да го достигне планираниот дефицит од 2,7 отсто од БДП во 2017 година. Поради ова и најавените штедења, откако една година пред изборите владата им додели ревалоризација на платите на врбаотените во администрацијата во износ од 2,4 милијарди евра за 2017, поддршката за земјоделците во износ од 825 милиони евра, како и планот за борбата против невработеноста во износ од 1,6 милијарди евра и премиите за учителите.

Во планот за штедење, кој се уште не е детално утврден, премиерот Мануел Валс најави дека министерставата ќе треба да го намалат бројот на вработените за два проценти. Истовремено тие ќе треба да ги намалат и трошоците при работењето за пет отсто.