Свет
13. February 2018 - 9:19

Францускиот министер за буџет под истрага за силување

Француската полиција вчера го испрашувала францускиот министер за буџет, економија и граѓанска управа Жералд Дарманин поради обвиненија дека во 2009 година силувал жена.

Претставници на француската полиција за локалните медиуми потврдиле дека е испрашан, но не е задржан во притвор.

Париското Обвинителство минатиот месец покрена прелиминарна истрага против Дарманин откако една жена поднесе обвинение за силување во 2009 година, што тој го демантира.