Македонија
25. October 2018 - 11:11

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Дојран

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов имаше работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние на која е заклучено во наредниот период да се интензивира соработката меѓу општина Дојран и Амбасадата на Франција во интерес на граѓаните на општината.

Ангов и Тимоние размениле мислења и идеи за развојот на културата, уметноста и алтернативниот туризам, но и за можнота општина Дојран да користи средства од ЕУ фондовите и другите фондови кои нудат грантови за развој на општините.

Амбасадорот Тимоние покажал особен интерес за историјата на Дојран и фронтовата линија на Првата Светска војна по што покажал интерес и за развој на историскиот туризам,а исто така ја изразил и својата воодушевеност од природниот потенцијал на општината.

Претходно амбасадорот Тимоние остварил работна средба и со градоначалникот на Валандово,Перо Костадинов,со кого заедно ја посетиле валандовската гимназија.