Живот
18. February 2020 - 9:16

Француски стогодишник прекинува со работа во општината по 74 години служба

Највозрасниот човек во Франција на изборна функција, 100-годишниот општински советник од селото Гран Шезо одлучи да не се јавува на локалните избори во март.

Стогодишникот Луи Дони „ќе се повлече по  74 години и 11 месеци служба во општината“ изјави за француски медиуми неговиот син Жан Шарл кој исто така е во локалната управа на Гран Шезо.

Тоа е село со 246 жители во централниот департмент От Виен.

Дони за првпат бил избран во април 1945 година. Добил 13 последователни мандати во општинскиот совет.

– Во животот човек треба да биде разумен за се. За мене како и за избирачите нема да биде разумно да се кандидирам пак. Оставам пат за младите, изјави тој.