Ракомет
21. August 2016 - 11:59

Француски Шатр на пенали го совлада Металург во финалето на Струга 2016

Пеналите го решија победникот на 44-тото издание на Меѓународниот турнир во Струга. Откако по регуларните 60 минути, резултатот беше 22:22, францускиот тим Шатр по изведувањето на седмерците беше поуспешен од Металург и со вкупни 23:26 го освои трофејот.
 
Металург лошо го отвори натпреварот и уште во раната фаза имаше негатива од пет гола, 2:7, за набрзо да  стигне и до најголемиот „минус“ 6:13. Полувремето заврши со резултат 14:8 за гостите од Франција.
 
Во второто полувреме металурзи успеаја да фатат резултатски приклучок и по 60 минути да дојдат до нерешен резултат.
 
Нашот тим имаше и последен напад за победа, но не реализира, а потоа се пријде кон изведување пенали.