Џет-Сет
16. April 2019 - 9:01

Француски милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр- Дам

Францускиот милијардерот Франсоа -Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата. 

-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.