Свет
28. December 2016 - 12:35

Француски лекар упасен во Турција поради врски со џихадистите

Млад лекар по интерна медицина, кој три години работи во болницата „Тимон“ во Марсеј, бил уапсен во Турција на 25 декември под сомнеж за врски со џихадистите и предадена на француските власти, јави дописникот на МИА од Париз.

Според француските медиуми, 29-годишниот лекар е притворен во просториите на Дирекцијата на полицискатаа антитерористичка единица во Левалоа Пере.

Тој е осомничен за поддршка на тероризмот и за редовни посети на џихадистички веб сајтови. Тој бил пријавен од страна на корисници на социјалните мрежи, откако испратил заканувачки пораки на Твитер.

Според обие кои го пријавиле, лекарот „често се заканувал дека ќе изврши напади“.