Свет
8. August 2019 - 21:24

Француската полиција заплени 21 тон тутун

Француската царина заплени 21,6 тони тутун во камион кој од Шпанија патувал кон Германија.

Возилото, кое е регистрирано во Полска, пренесувало 108 кутии со листови од тутун, за кои возачот, државјанин на Украина, немал никакви документи, тврдат француските цариници.

Возачот е пуштен од притвор со одлука на обвинителот на градот Бајон, а истрагата за шверцот продолжува.