Свет
7. November 2019 - 12:56

Француската полиција го расели импровизираниот мигрантски камп

Француската полиција денеска изведе голема операција за расчистување на импровизираниот мигрантски камп во североисточен Париз.

– Евакуирани се 1.606 лица и на таа локација сега нема никој, рече полицискиот началник Дидие Лалемен.

Во акцијата за отстранување на шаторите поставени на ниво под автопатот во преградието на Париз учествуваа речиси 600 полицајци.

Лалемен рече дека полицијата и натаму ќе биде присутна во таа област за да спречи враќање на мигрантите.