Француската лабораторија „Карма“ првпат продаде вештачко срце
Француската лабораторија „Карма“ објави дека по првпат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна беше вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација.
Тоа е прва продажба на лабораториско вештачко срце. Лабораторијата е основана 2008 година.
Вградувањето на срцето ја изврши тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол.
Во 2020 година, „Карма“ доби лиценца за продажба на својот производ во Европа, на пациенти кои чекаат на трансплантација на срце. Француската лабораторија, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години соопшти дека тие не можат целосно да заменат трансплантација, но се вградуваат поради недостаток на срце за трансплантација.
Претходно беше наведено дека протезата тежи 900 грама – потешка е од вистинското срце, коешто е тешко околу 300 грама.
Лабораторијата не ја наведува цената на протезата. Но, неофицијално, таквото срце ќе чини околу 160.000 евра, исто колку и вистинското пресадување, со долг постоперативен тек.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи