Свет
18. November 2016 - 11:42

Француската десница в недела избира свој претседателски кандидат

Во пресрет на неделното прелиминарно гласање за избор на кандидат на француската десница за претседател на Франција, синоќа се оддржа последната телевисики дебата на седммината претенденти на опозициската партија Републиканци, јави дописникот на МИА од Париз.

Седумтемина десничарски кандидати за претседател на Франција, Жан-Франсоа Копе, Франсоа Фијон, Ален Жипе, Натали Косиуско-Моризе, Бруно Ле Мер, Жан-Фредерик Поасон и Никола Саркози дебатираа пред телевизиските камери на јавниот сервис Франс 2 на различни теми, меѓу кои и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, состојбата во Сирија и пак реформата на француското образование.

Во врска со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, Фијон оцени дека победата на америкаснкиот републикански кандидат претставува можност „да се каже стоп и да се убедат Европејците дека треба да се воспостават поизбалансирани трансатлантски односи“.

Саркози оцени дека САД на чело со Трамп ќе се затворат, што ќе и даде одлична можност на Франција да го потврди нејзиното лидерство. - Мислам дека во следните пет години може да го имаме враќање на Франција и Европа на меѓународната сцена, рече Саркози.

Косисуско-Моризе смета дека француските претседателски кандеидати не треба да бидат како Трамп, чии „одвратни зборови“ за неа се „понеприфатливи сега кога е избран за претседател“, додека Жипе ицени дека сега треба да се види дали Трамп навистина „ќе го направи тоа што го најави пред изборите“.

Во однос на ситуацијата во Сирија, Жипе изјави дека француските војници не треба да одат во оваа земја и да ги ризикуваат своите животи. - Ние не сме тие кои треба тоа да го направие, туку земјите од регионот, изјави Жипе, кој е градоначалник на Бордо, а со неговиот став против распоредувањето француски војници во Сирија се согалси и Косисуско-Моризе/

Фијон пак побара „коалиција со Русите“ во услови кога „Америка и Русија се помируваат“ со цел да се справат со „глобалната закана“ што ја претставува терористичката организација Исламска држава ИД).

Градоначалникот на Мо, Жан-Франсоа Копе пак смета дека прашањето за „алијансата со Русија е лажен проблем“, како и дека „приоритет не е судбината на (сирискиот претседтаел) Башар Асад, туку уништувањето на ИД и сите исламистички движења“.

Поасон, кој е претседателот на Демохристијанската партија, смета дека „или Асад ќе остане или исламистите ќе ја преземат власта“, додека Фијон истакна дека ако падне режимот на Асад падне „источните христијани ќе имаат избор меѓу куферот и ковчегот“.

Саркози пак нагласи дека за него „Асад никогаш повеќе нема да ја претставува Сирија".

Во дебатата беше покренато и прашањето околу обвинувањата дека во текот на изборната кампања во 2007 година Саркози добивал пари од Либија, кои тој ги отфрли како невистинити и дека претставуваат навреда.

Жипе се осврна и на предлогот на за укинување на околу 500.000 работни места во државната администрација, на што тој одговори дека тоа ќе биде можно со промена на работната недела од 35 на 39 часа. Саркози ја поддржа идејата за зголемување на работното време на администрацијата, но не и предлогот на Фијон за зголемување на ДДВ-то за два процентни поени.

Инаку на прелиминарните избори на Републиканците в недела, може да гласаат сите Французи регистирани во избирачкиот список, со тоа што оние кои не се членови на партијата треба да потпишат изјава и да платат две евра за да можат да го дадат својот глас.

Испитувањата на јавните мислења покажуваат дека фаворит за победа на изборите е Алан Жипе, пред Никола Саркози, но дека и изненадувањето на неделното гласањ може да приреди Франсоа Фијон, кој деновиве доби поддршката од поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен. Првите резултати од гласањето се очекува да бидат познати в недела околу 21 часот.