Свет
5. July 2016 - 10:02

Француска комисија: Обединување на разузнавачките агенции

Француска парламентарна комисија за истрага за терористичките напади извршени во Париз во ноеври 2015 година препорача обединување на француските разузнавачки служби во единствена агенција.

– Соочени со заканите од меѓународен тероризам, мора да бидеме амбициозни кога станува збор за разузнавањето, изјави Жорж Фенек, претседател на таа комисија препорачувајќи воспоставување национална антитерористичка агенција.

Фенек тој предлог го објави по 5-месечна истрага за да се избегне повторување на трагедиите каква што беше на 13 ноември лани кога во Париз беа извршени низа џихадистички напади.