Франција удира врз жолтите елеци: На улиците ќе има 89.000 полицајци, но за прв пат и оклопни возила
Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека 89.000 припадници на безбедностите сили утре ќе бидат распоредени ширум земјата, за кога се најавени протести на „жолтите елеци“.
Според него, од 89.000 припадници на безбедносните сили, 8.000 ќе бидат распоредени во Париз, како и оклопни возила.
– Се соочуваме со луѓе кои не се тука за да протестираат, туку за да кршат, и сакаме да се снабдиме со средства кои ќе ги спречат да дивеат, рече Филип.
Француските демонстранти вчера ја поздравија одлуката на претседателот Емануел Макрон, кој се откажа од зголемување на данокот за гориво планирано за следната година, но истакнаа дека можеби тоа не би било доволно за да се смири гневот на јавноста.
– Мислам дека одлуката е донесена предоцна, изјави портпаролката на Жолтите елеци, Жаклин Муро.
Таа додаде дека сега различни протестни групи ќе одлучуваат за понатамошните чекори, но оцени дека е многу веројатно дека ќе продолжат со протестите.
Антивладините протести, кои почнаа минатиот месец поради зголемување на данокот на горивата, прераснаа во протести од големи размери и гнев против Макрон.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено